logo
logo
logo

Најавен научно-фантастичниот хорор „Осмиот патник 9“

Vecer | 31.03.2023

Најавен научно-фантастичниот хорор „Осмиот патник 9“

Веќе некое време се навестува деветтиот филм од серијалот „Осмиот патник“ (Alien), што се одржува во живот, со повеќе или помалку успех, уште од 1979 година, кога се појави првиот дел од научно-фантастичниот хорор-филм, во режија на Ридли Скот, и влезе во историјата. Но, овде станува збор за современиот Холивуд кој денес функционира во голема мера на преработки, видоизменети приказни со иста основа и продолженија.

Меѓу потврдените глумци засега се Дејвид Џонсон, Арчи Рено, Спајк Ферн и Ејлин Ву. Ридли Скот овојпат ќе биде продуцент на филмот. Феде Алварез ја прифатил улогата на режисер.

Пред неколку години, само неколку месеци по „Осмиот патник: Завет“ (Alien: Covenant) на Скот, правата за филмот ги купи „Дизни“, компанија што, според критичарите, е во вечна потрага по идеи за искористување - додека не ги истроши „до непрепознатливост“.

Инаку, првиот филм стана класика, а седум години подоцна, во 1986, Џејмс Камерон, „на крилјата“ на успехот со „Терминатор“, реши да сними го сними и режира „Осмиот патник 2“ (Alienѕ) што ја подигна целата приказна на сосем ново ниво и според многумина - тоа е едно од најдобрите продолженија на сите време.

Рипли и Камерон ја претворија Сигурни Вивер во меѓународна ѕвезда и една од најголемите акциони хероини на сите времиња. Новиот проект сѐ уште е во претпродукција, но обожавателите се надеваат дека глумицата ќе се врати во приказната во обид да ја врати славата што серијалот ја имаше со првите два филма. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk