logo
logo
logo

НАД МИЛИЈАРДИ ПРЕГЛЕДИ НА ЈУТУБ: „Били Џин“ на Мајкл Џексон не престанува да руши рекорди

Vecer | 20.06.2021

НАД МИЛИЈАРДИ ПРЕГЛЕДИ НА ЈУТУБ: „Били Џин“ на Мајкл Џексон не престанува да руши рекорди

Легендарната поп-икона Мајкл Џексон и по смртта продолжува да руши рекорди во светот на музиката. Спотот за неговата песна „Били Џин“ надмина една милијарда прегледи на јутуб порталот , што му овозможи на кралот на поп музиката да влезе во т.н „Клуб на милијарда прегледи“.

„Били Џин“ е трето музичко видео од 1980-те години кои имале над милијарда прегледи, по „Sweet Child O’ Mine“ на „Ганс едн роузес“ и Take On Me“ на „А-ха“. Музичкото видео по премиерата во 1983 година кога се најде на првото место од Билборд топ листите, по што освои две Греми награди и беше номинирано за најдобра песна во 1984 година, имало во просек над 600 илјади прегледи глобално во 2021 година, пишува порталот Bilboard .

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=Zi_XLOBDo_Y&feature=emb_title[/embed]

Режисерот на видеото Стив Барон, е еден од тројцата продуценти кои го поддржале албумот на Џексон „Tрилер“, кој до денес е најдобро продаван албум на светско ниво. Истоименото видео на Јутуб досега има над 765 милиони прегледи.

Инаку ова достигнување на песната „Били Џин“ се поклопува со 12годишнината од смртта на Џексон, која се случи на 25 јуни 2009 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk