Пејачката Весна Змијанац извесно време е во болница поради операција на срцето. Последните информации велат дека е во стабилна здравствена состојба, а закрепнувањето го продолжува во својот дом во Белград.
Според извор близок до фолк дивата, таа се чувствува добро и секој ден е се подобра.
- На Весна и вградија три бајпаса. Ситуацијата не беше нималку наивна, како ни прогнозите на лекарите, но таа уште еднаш докажа дека е посилна од се што може да и се случи, изјавил добро упатен извор и додал дека пејачката се борела како лав, и дека таа исто така им помогнала на другите пациенти во одделот за кардиохирургија да го поткренат еланот.
- Таа ги тешеше лекарите наместо тие да ја тешат неа. Им велела: „Што ви е, се ќе биде во ред! Нема да се ослободите од мене така лесно, имам уште толку многу да направам во мојот живот". Се шегуваше и со пациентите, па кога излезе од болница сите беа и среќни и тажни во исто време, открил изворот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата