59-годишната актерка и нејзиниот сопруг Метју Бродерик живеат во куќа во Вест Вилиџ во Њујорк. Тие го украсилњ својот дом вреден 35 милиони долари со украси за Ноќта на вештерките и поставиле виолетови и златни тикви пред куќата.
Крадците не упаднале во нивната куќа, туку им ги украле тиквите од прагот, а на вратата на актерската двојка подоцна се појавила порака: „Срам да им е на крадците на тиква!!!“.
Инаку, ова не е прв пат крадци да ѝ украдат тикви на актерката. Истото се случило и пред пет години, а актерката тогаш напишала на социјалните мрежи: „Украдени ни се сите тикви, како и сите други тикви во нашиот блок. Ќе си ги спасиме тиквите. Ќе ги најдеме тиквите во последен момент и се надеваме дека овој случај нема да застане само на ова“, напиша актерката која неодамна во својот дом постави плакат со најава за поддршка на Камала Харис на претседателските избори што ќе се одржат на 5 ноември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата