Ќерката на Жељко Јоксимовиќ од првиот брак е негова голема гордост.
Наследничката на Жељко од него го наследила талентот за музика. Минатата година дипломирала на Факултетот за музичка уметност. Таа не сака да го запостави својот талент, па се запишала на магистерски студии на истиот факултет.
Мина денеска на својот Инстаграм профил ја сподели информацијата дека привршува со студиите, а пофалби доби и од колегите на нејзиниот татко.
- Го положив последниот магистерски испит, речиси готово - се пофали убавата Мина и несомнено го направи најгорд нејзиниот татко чие срце скокаше од среќа.