logo
logo
logo

РАСИЗАМ? Црните жени останаа БЕЗ НОМИНАЦИЈА за Оскар

Vecer | 28.01.2023

РАСИЗАМ? Црните жени останаа БЕЗ НОМИНАЦИЈА за Оскар

Многумина сметаат дека овогодинешните Оскари се расистички, односно дека недостигаат номинации на жени со „потемна кожа“, а една од нив е режисерката Чиноние Чукву. Таа го режираше филмот „Тил“ за животната приказна на Мамија Тил-Мобли и нејзиниот син Емет Тил, кој беше линчуван во 1955 година. Филмот не доби ниту една номинација.

- Светот во кој живееме е агресивно склон да ја одржува „белината“ и општата мизогинија кон црните жени. Но, јас сум благодарна за големата лекција од сопствениот живот, имено дека секогаш ќе растам и ќе се радувам, тоа е мојот голем отпор – коментира Чукву на Инстаграм.

Таа објави и фотографија со активистката за граѓански права Мирлија Еверс-Вилијамс, која во филмот ја игра Џејм Лосон.

Сега Оскарот е мета на критики, кои почнаа по објавувањето на номинациите за најдобра актерка, како една од клучните награди на големата светска церемонија. Имено, многумина се изненадија кога видоа дека Андреа Рајзборо е номинирана во таа категорија, за улогата во филмот 'To Leslie'. Заедно со неа на листата на номинирани за најдобра актерка се Кејт Бланшет, Ана де Армас, Мишел Вилијамс и Мишел Јео.

Widows Gala Performance - 2018 Toronto International Film Festival

Имено, за многумина е невообичаено што на списокот ги нема Виола Дејвис која глуми во „The Woman King“ и Даниел Дедвајлер за улогата во „Тил“. Имено, тие имаа повеќе номинации на наградите пред Оскарите, што најчесто е показател кој ќе биде меѓу најдобрите. Имено, Рајзборо до сега немала толку многу номинации за нејзината улога, па тоа е малку необично.

„Тил“ доби признанија од Screen Actors Guild Awards, Critics Choice Awards и наградите на Британската филмска академија. Даниел Дедвајлер беше номинирана за најдобра актерка на наградите БАФТА, а филмот освои награди на AAFCA, наградите на Black Film Critics Circle Awards и Gotham Awards.

Црните жени не се на листата за најдобра актерка, но само Анџела Басет е на листата номинации за споредна улога, односно нејзината улога во хит филмот Wakanda Forever.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk