И покрај многуте шпекулации дека Деп ќе се врати во франшизата, неговите пријатели велат дека тој засекогаш завршил со Дизни. Тој е лут на нив што ја прекинале врската со него, откако поранешната сопруга Амбер Херд го обвини за злоупотреба.
Пријателите на актерот велат дека Деп рекол дека не е заинтересиран да се појави како Спероу. „Само така го отфрлија, а Амбер лажеше“, рекол пријателот на Деп. Наводно му понудиле 20 милиони долари за да се врати во улогата на Џек Спероу.
Да потсетиме, на крајот на минатата година, продуцентот Џери Брукхајмер изјави дека „работат на тоа“ за да го вратат Деп во новиот дел на Пиратите од Карибите. Брукхајмер бил отворен за опцијата Деп да се врати во франшизата на Дизни бидејќи без неговиот лик, кој се појави во сите пет дела, невозможно е да се замисли шестиот дел.
Филмот е ставен во мирување бидејќи не се знаеше како ќе заврши судскиот спор на Деп со Амбер Херд, бидејќи Дизни го суспендираше поради тоа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата