logo
logo
logo

На 65 годишна возраст почина актерот Вал Килмер: Тажната вест ја потврди неговата ќерка

Vecer | 02.04.2025

На 65 годишна возраст почина актерот Вал Килмер: Тажната вест ја потврди неговата ќерка

Актерот од филмовите „Топ Ган“ и „Бетмен“ Вал Килмер почина од пневмонија, потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер.

Ќерката исто така потврди дека на актерот пред 11 години му бил дијагностициран рак на грлото, но подоцна се опоравил.

Тој ретко се појавуваше во јавноста во последниве години, но присуствуваше на настанот на неговата фондација „TwainMania“ во 2019 година, поради најавата дека ќе се врати за продолжението на филмот Топ ган со неговиот голем пријател Том Круз. 

По години молк и гласини за своите здравствени проблеми, Килмер конечно се отвори за битката со рак на грлото за време на интервју во декември 2017 година. Славниот глумец бил подложен на операција на душникот што му го одзеде и гласот.

Зад себе има над 100 филмски и ТВ-улоги, како и девет награди од меѓународни фестивали.

Вал Едвард Килмер е роден во Лос Анџелес на 31 декември 1959 година и израснал во населбата Чатсворт, на крајниот северозапад од градот, каде што неговите соседи биле Рој Роџерс и Дејл Еванс, а негови школски другари биле Кевин Спејси и Мер Винингем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk