logo
logo
logo

Момчето на Ријана во судница се обидел да го замолчи сведокот: Не смееш да им кажеш

Vecer | 08.02.2025

Момчето на Ријана во судница се обидел да го замолчи сведокот: Не смееш да им кажеш

Еден од сведоците бил пријателот на Роки, Твелви, а момчето на Ријана ја шокираше толпата кога му се развика на сведокот среде сослушувањето.

Според TMZ, на Твелви му била покажана фотографија од собата на Роки, на која се гледа предмет со буквите AWGE. Раперот бил прашан што значат буквите, на што Роки извикал: „Не кажувај ништо!“

Твелви, наводно, одговорил дека буквите само „значат AWGE“, што го налути обвинителот кој побара директен одговор. Откако раперот сè уште одбил да одговори, адвокатот на Роки Џо Такопина побарал приватна средба со судијата. Се известува дека Ријана повторно била присутна во судницата, а подоцна била снимена како ја напушта судницата со Роки.

Според пишувањата, Роки го добил тоа што го барал бидејќи Твелви не го открил значењето на буквите. Патем, AWGE е креативна агенција која Роки ја основал во 2014 година, но надвор од тоа, не се знае многу за неа. На веб-страницата на агенцијата, првото правило вели: „Никогаш не откривај што значи AWGE“.

За потсетување, ASAP Rocky, вистинското име Раким Мајерс, е обвинет дека го застрелал својот поранешен пријател Терел Ефрон со пиштол на 6 ноември 2021 година. На првото рочиште беше присутен и адвокатот на Роки, Џо Такопина, кој рече дека се работи за пиштол стартер од кој пукал само ќорци. Тој тврди дека музичарот го носел пиштолот за заштита и наведува дека Ефрон знаел за тоа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by AWGE (@awgenization)

Ријана наводно имала голема улога во изборот на членовите на поротата, бидејќи судот ги прашал потенцијалните кандидати дали се нејзини обожаватели и дали купувале производи од нејзиниот бренд Fenty Beauty. Околу половина од нив рекле дека слушнале за Роки пред почетокот на судењето, додека речиси сите слушнале за Ријана. Очигледно сите рекле дека мислат дека тоа нема да влијае на процесот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk