Ова е чиста дезинформација и мамка за кликови, без потврда од релевантни или веродостојни извори.
Приказната првпат се појави на 15 јануари 2026 година, на Фејсбук страницата „Keeping it Stuggy“, каде што беше објавена објава со фотомонтажа, во која се тврди дека „Мистер Бин конечно го пронајде својот избраник“ и дека Аткинсон и Калифа наводно се во тајна врска од летото.
Описот на објавата отиде чекор понатаму, претставувајќи ја оваа измислена романса како „неочекуван пресврт во 2026 година“, наведувајќи дека врската започнала далеку од очите на јавноста.
Сепак, брзо следеше демант - и директно од Миа Калифа.
Имено, Миа Калифа објави на својот потврден X (поранешен Твитер) профил на 19 јануари 2026 година, каде што иронично рече:
- Луѓе, излегувам со будала, но тоа не е Мистер Бин.
guys I am dating a fool but it’s not mr bean
— Mia K. (@miakhalifa) January 20, 2026
По понатамошна истрага, пребарување на релевантните термини „Миа Калифа“ и „Мистер Бин“ или „Роуан Аткинсон“, не се појавуваат сигурни медиумски извештаи што би ја потврдиле наводната врска.
Напротив, резултатите водат исклучиво до копии од истата лажна објава и текстови што ја разоткриваат како измама, вклучувајќи странски портали специјализирани за проверка на факти.
Она што е особено проблематично е што една од фотографиите што се користат во виралната објава е всушност изменета верзија на слика генерирана од вештачка интелигенција.
Оригиналната слика е објавена на 25 декември 2025 година, на Инстаграм профилот „theafro.ia“, кој отворено наведува дека се занимава со креирање содржина со помош на вештачка интелигенција.
Заклучокот е јасен - Роуан Аткинсон и порно ѕврздата Миа Калифа не се во врска, а приказната што кружи на социјалните медиуми е уште еден пример за тоа како лажните цитати, фотографиите од вештачка интелигенција и сензационалните наслови се користат за креирање вирална, но целосно неточна содржина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата