logo
logo
logo

Мишел Фајфер за нејзиниот живот како баба

Vecer | 02.10.2025

Мишел Фајфер за нејзиниот живот како баба

Во емисијата „Смартлес“ (Smartless) со Џејсон Бејтман, Шон Хејс и Вил Арнет како водители, трипати номинираната за „Оскар“ вели дека внучето е „рајско“ искуство.

- Неверојатно е. И да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа, но уживав во сè и сум многу благодарна. Ги обожавам сите овие проекти, рече Фајфер, осврнувајќи се на нејзините неодамнешни обврски, вклучувајќи ја и серијата „Медисон“ (The Madison) којашто е одгранок-продолжение на „Јелоустоун“, божиќната комедија „О, каква забава“ (Oh. What. Fun) и ТВ-адаптацијата на романот „Марго има проблеми со парите“ (Margo’s Got Money Troubles) на Руфи Торп.

Фајфер, инаку, има посвоена ќерка - Клаудија Роуз, и синот Џон Хенри.

- Многу сум благодарна. Многу сум благодарна затоа што ја сакам глумата... Всушност, веројатно сега уживам повеќе од кога било затоа што сум порелаксирана, додаде глумицата.

Филмската ѕвезда има долга кариера и во филмот и во телевизијата, а можеби најпозната е по улогите во филмовите „Скарфејс“ (1983), „Бетмен се враќа“ (1992) и ТВ-серијата „Првата дама“ (2022).

- Навистина немам време да размислувам за ништо друго освен - задачата што ја имам, изјави таа, напомнувајќи дека пред неколку години основала и своја компанија за парфеми. - Но, кога се појавија сите овие актерски проекти, си помислив: Добро, добро, како ќе можеш „да жонглираш“ со сè тоа и да имаш личен живот? ...Бидејќи тоа не ми било секогаш лесно. Јас сум личност од типот „сè или ништо“! Секогаш сакам да прифаќам предизвици, а потоа влегувам во тоа и - „или тонеш или пливаш“, и од некоја причина тоа е она што ме енергизира, нагласи таа.

Фајфер вели дека „нема време, ниту желба да навлезе во тие длабочини“ а да не ужива во мигот.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk