logo
logo
logo

МИРА ШКОРИЌ САКАЛА ДА ЈА ПРЕТЕПА ОВАА КОЛЕШКА! Скандалозни детали за конфликтот конечно испливал на површина

Vecer | 29.11.2021

МИРА ШКОРИЌ САКАЛА ДА ЈА ПРЕТЕПА ОВАА КОЛЕШКА! Скандалозни детали за конфликтот конечно испливал на површина

Мира Шкориќ и Неда Украден и понатаму не сакаат очите да си ги видат една со друга.

Имено, колегите во неколку наврати се обиделе да ги смират, но ниту Мира не сака да слушне за Неда. Нити на Неда и паѓа на памет да премине преку конфликтот кој го имале пред неколку години на снимање на новогодишната програма на РТС.

- Одлично помина. Мене не може да ми се пика во нос. Со целосно почитување на сечија кариера, но и јас имам успешна кариера, која трае 30 години. Таму беа плејада од пејачи, од Лепа Лукиќ, Маринко Роквиќ, Ана Бекута... На никого ништо не му сметаше, само на Неда – рекла по тој повод Мира, а Неда била иронична.

- Не и замерувам на личноста која така може да реагира. Нормално е, секој сака да слушне што подобар тон, да не биде тивок или фалш. Но, тоа е нејзино сваќање, секој доаѓа на работа и пристапува кон работата онака како што мисли дека треба. Јас сакам да биде добро, а на некого му е сеедно – рекла Неда после караницата со колешката.

Како за потсетување, Неда тогаш со часови се бунела дека не и одговара звукот, и како што Мира објаснила, се изживувала околу светлото, околу шумовите, сите ги пореметила и вознемирила, и тоа толку многу што Мира за малку ќе и рипнела да ја тепа. Од тогаш тие две не се мирисаат и нема шанса да се помират.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk