Милош Биковиќ е глумец од голем формат, со карактер што се препознава, ценет во нашиот регион но и во Русија каде што работи со години
Карактристично за него е што славата не му го менува животот, навиките и приоритетите - со две нози стои на земја и се обидува да не биде арогантен. Црвениот тепих по кој оди пред сали во различни светски метрополи му е важен како и пивото што ќе го испие со другарите од средното училиште на клупа во парк.
Зад Милош Биковиќ (35) стојат бројни улоги, животот во куфери, овации но и семејството, неговиот ветер во грб. Неговиот живот е збирка од по малку од се, а неодамна се радуваше кога дозна дека за прв пат ќе стане татко, со својата избраничка Ивана Малиќ. В
„Времето е цена која се јавува за плаќање во животот. Како го трошите, во што инвестирате, тоа го одредува вашиот живот подоцна. Морам да работам и да создавам. Тоа е во мојата природа. Затоа морам да ја платам таа цена. Тоа не беше мој избор, тоа го одбира потребата да се биде актер на сцената, вели Милош кој многу празници не бил во семејниот дом, морал да ги пропушти прославите на неговите блиски пријатели, а одморите да ги балансира со обврските“.
Мајката Марија го разбира ова, а во една од ретките изјави што ги даде за медиумите, забележавме заедничка нишка со мајката на Новак Ѓоковиќ, во реченицата дека им недостасуваат синовите, но се горди затоа што вредело. „Поддршката на семејството е многу важна. Тоа е како воздух. Не го забележувате затоа што проникнува во се. Велат „рибата не знае дека има море, но живее и ужива во него“.
На прашањето колку неговиот брат Михаило, кој е 16 години постар од Милош и е игумен на манастирот Јованје, влијаел на неговото воспитување и разбирање на религијата, тој со резерва одговори: „Тој секако многу влијаеше. Но се трудам да не зборувам за тоа во јавноста, тоа се интимни теми“.
„Милош е добар актер, но се плаши да биде бизнисмен“ пишуваат руските медиуми, „Сега е вистинско време да добие уште една улога од големиот руски режисер Никита Михалков“.
Не е лесно некој што доаѓа од мала земја како Србија да успее каде било во светот. Популарноста на Милош во Русија беше посведочена на премиерата на филмот „Предизвик“. Зборуваше и за тоа како е кога ќе решиш да зачекориш на голем пазар, а не знаеш што те чека. Тој се присети и на своето прво патување во Русија, што му се вртеше низ мислите и на што се надеваше.
„Се надевав дека ќе најдам отворач за конзерви, бидејќи беше долг ден исполнет со работа и бев гладен, а конзервата со туна беше затворена, а јас немав отварач за конзерви. Ја отворив со мал клуч од поштенското сандаче. Така ја поминав ноќта пред првиот големо кастинг со Никита Михалков“, се сеќава Биковиќ за почетоците во Русија.

Од маките со руските конзерви што не се отвараат како сите други, до денес помина многу време. Почетникот Милош сега е славен актер и - кандидат за руски Оскар!
Во Москва деновиве беа објавени номинациите за националната филмска награда „Златен орел“, која многумина ја нарекуваат руски Оскар, а меѓу номинираните е и српскиот актер Милош Биковиќ.
Освен што за прв пат ќе ја игра улогата на татко во вистинскиот живот, за Милош Биковиќ годинава има уште добри вести. Во конкуренција за наградата се триесет и осум филмови.
Милош Биковиќ беше номиниран за најдобар актер за улогата во филмот „Предизвик“. Во првиот филм снимен во вселената, тој игра хирург, кој мора да помине низ тежок тренинг за да научи да оперира во бестежинска состојба. Актерот радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.
Српскиот актер пред неколку години се натпреваруваше за големо признание со својот дебитантски филм „Сунчаница“, кој го работеше со Никита Михалков. Доделувањето на наградата „Златен орел“ ќе се одржи на 26 јануари 2024 година во студиото „Мосфилм“ во Москва. Кандидатите ќе бидат избрани со тајно гласање на членовите на Руската филмска академија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата