logo
logo
logo

Метју Пери откри дека не можел да гледа епизоди од серијата „Пријатели“ и се расплака (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2022

Метју Пери откри дека не можел да гледа епизоди од серијата „Пријатели“ и се расплака (ВИДЕО)

Речиси 30 години по првата епизода на Пријатели, многу луѓе ширум светот сè уште уживаат да гледаат репризи на серијата, но Метју не е еден од нив. Тој вели дека не може да се натера повторно да ја гледа серијата поради неговата битка со зависноста, која започнала на снимањето на „Пријатели“.

„Не ја гледав серијата затоа што само ќе треба да повторувам „алкохол, дрога, кокаин“. За секоја сезона можев да кажам што користев тогаш и затоа не сакам да ја гледам. Тоа е сѐ што гледам. “, рече тој во интервју за CBC. Се присетил и на тешките моменти од животот и борбатата со зависноста, а во еден момент дури и заплакал пред камерите.

"Во еден момент се тресев толку многу што ако сакав да се префрлам само од полицата за книги на масата, морав да го сторам тоа потпирајќи се на нешто. Тоа отиде толку далеку", рекол актерот.

„Знаете, она што секогаш ме тера да плачам е фактот дека ова не е фер. Не е фер што морав да поминам низ оваа болест додека остатокот од екипата не. Тие добија сѐ што добив, но јас бев единствениот кој мораше да се борам со овие работи, и се уште се борам“, рече тој низ солзи.

Во претходното интервју за списанието People, Пери рече дека неговата зависност започнала кога добил улога во серијата. Тогаш имал само 24 години. За време на снимањето, неговата зависност ескалирала, а во 2018 година за малку ќе го чинела живот. Сепак, актерот веќе некое време е трезен.

"Благодарен сум што сум жив, тоа е сигурно. И тоа ми дава можност да правам сѐ. Колку и да е мрачна мојата приказна, таа е некако и приказна со надеж. Затоа што се уште сум тука", заклучил актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk