logo
logo
logo

Менаџерот на Аки за последните денови: „Сето тоа си го зеде данокот, за жал“

Vecer | 23.01.2022

Менаџерот на Аки за последните денови: „Сето тоа си го зеде данокот, за жал“

По веста дека не напушти еден од најдобрите вокали од поранешна Југославија, неговиот прв менаџер Дамир Осредечки, за порталот „Слободна Далмација“ откри дека Аки неодамна се заразил со коронавирус.

„На Аки утрово ненадејно му се слошило, веднаш го однеле во болницата во Ново Место каде живеел со сопругата и двегодишната ќерка. За жал, набрзо починал. Се уште не знаеме што точно се случило. не ни кажаа, но претпоставуваме дека е срцето во прашање. Последниве денови се чувствуваше многу лошо. Имаше проблеми и со кичмата, поради што Парни Ваљак ги одложи концертите“, изјави Дамир Осредечки.

Причината за смртта ќе биде позната дури по обдукцијата, која може да биде завршена во понеделник. Засега не се познати точното место и датумот на погребот, но според хрватските медиуми, извесно е дека Аки Рахимовски ќе биде погребан во Загреб.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk