logo
logo
logo

Мелина упаднала во куќата на екс сопругот Харис, тој повикал полиција

Vecer | 02.04.2024

Мелина упаднала во куќата на екс сопругот Харис, тој повикал полиција

Според српски Блиц, Мелина Џиновиќ синоќа упаднала во куќата на сега веќе својот екс сопруг, легендарниот пејач Харис Џиновиќ на Сењак во Белград, каде сега популарниот пејач живее со децата, синот Кан и ќерката Џина.

Набргу потоа, Харис повикал полиција за да му помогнат на Харис, Мелита да биде истерана од куќата.

Припадниците на полицијата брзо пристигнале на лице место, по што, како што дознава Блиц, Мелина изјавила дека Харис ја малтретирал. Полицијата потоа привремено му го одземача пиштолот што харис го имал во куќата, пиштол за кој пејачот имал дозвола. Инаку, Мелина и Харис пред неколку дена службено се развеле по 24 години брак, поради што веќе неколку месеци се тема број еден во балканските медиуми.

Харис  за медиумитер го цитираше она што му го кажала Мелита кога се појавил во куќата:

-Вечерва дојде во куќата, направи кафе и седна и очигледно немаше намера да излезе. Кога дојдов, таа беше дрска и почна да ме провоцира, на што и реков дека мора да излезе од куќата и дека може да си ги земе работите и да излезе надвор, но таа не сакаше. Кога мирно и реков да си замине, таа ми рече „Секој метар од оваа куќа ми припаѓа и мене колку и тебе“ на што и реков: „Ако судот каже дека е твоја“ – рече Харис Џиновиќ.

Мегапопуларниот пејач смета дека единствената намера на екс сопругата Мелина била да го испровоцира, но дека не паднал на провокациите.

Пејачот по совет на својот адвокат повикал полиција која пристигнала и како превентивна мерка му го одзел пиштолот за кој има дозвола, а потоа синот Кан го однел во полициска станица каде поминал речиси пет часа  на службен разговор. - Не ја знам причината зошто дојде. Цело време се обидувам овде со полиција да ја дознаам причината - рече Џиновиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk