logo
logo
logo

МАЖИ, ОВА Е ВАШ ДЕН! Денеска е ПРАЗНИК - еве зошто 19 ноември е ВАЖЕН

Vecer | 19.11.2021

МАЖИ, ОВА Е ВАШ ДЕН! Денеска е ПРАЗНИК - еве зошто 19 ноември е ВАЖЕН

Како што веќе знаеме, секој 8 март се обележува како Меѓународен ден на жената, но дали сте знаеле дека постои и ден на мажите. Многумина не знаат дека постои Меѓународен ден на мажите кој се одбележува на 19 ноември, а во кој се негуваат слични вредности како и на денот на жената.

Меѓународниот ден на мажите прв пат се одржал 1999 година на Тринидат и Тобаго. Како што за Унеско рекла Ингелборг Брајнес, директорка на Жена и култура на мирот: “Ова е одлична идеа која ќе придонесе за родова рамнотежа“.

Овој ден служи како поддршка за менталното и физичкото здравје, но придонесува за баланс помеѓу мажите и жените. Целта е да создаде рамноправно општетсво во кое мажите и жените имаат исти права.

Меѓународниот ден на мажите е ден кога исто така во светот се расправаат за токсичната машкост, бидејќи во светот во кој живееме мажите повеќе не можат да бидат емоционално дистанцирани ниту насилни, како што било во традиционалните вредности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk