logo
logo
logo

МАКЕДОНСКА ДОМИНАЦИЈА ВО ГРАНД: Бобан со ПОБЕДА, Александар во финале!

Vecer | 27.06.2022

МАКЕДОНСКА ДОМИНАЦИЈА ВО ГРАНД: Бобан со ПОБЕДА, Александар во финале!

Вчеравечер се одржа финалниот натпревар од седмата сезона на популарниот музички натпревар „Никогаш не е доцна“, а годинава победници беа избрани во три категории, па така победник според гласовите на Фејсбук беше Дубравко Биондиќ - Дуба, кој заплака на сцената, додека нашиот претставник Бобан Цаневски освои најмногу СМС гласови.

Nikad nije kasno

На крајот, стручното жири, кое го сочинуваа популарни пејачи од јавната сцена и кои гласаа по евровизискиот систем, ги поделија своите гласови, поделувајќи им од 1 до 12 поени на натпреварувачите.

Според мислењето и критериумите на стручното жири за најдобар беше прогласен Амер Ченгиќ Ченг.

Победниците од оваа сезона ќе добијат една песна како награда, како и реклама од страна на „Гранд продукција“.

Во саботата, пак, се одржа и финалето од „Ѕвездите на Гранд“ во кое победата за влакно му побегна на супер талентираниот охриѓанец Александар Јосифовски, кој заврши на вицешампионската позиција.

Јосифовски кому ментор му беше Ѓорѓе Давив во суперфиналето се натпреваруваше против Нермин Хаџиќ и освои 40 илјади гласови помалку од него.

Двајцата пејачи беа единствените што испеаја по три песни, но публиката на крајот повеќе гласови му даде на Нермин, чиј ментор беше Вики Миљковиќ.

Саша Поповиќ откри дека победникот Нермин добил 128.456, а Александар 87.650 гласови. Победникот како награда доби автомобил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk