logo
logo
logo

„Македонијо во срце те носиме“ оди во Битола!

Vecer | 11.09.2023

„Македонијо во срце те носиме“ оди во Битола!


Платото на Офицерскиот дом во Битола ќе биде местото каде во среда со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

На сцената публиката ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното - нашата земја и нејзиното наследство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk