Мајката на Двејн Џонсон имала тешка сообраќајка (ФОТО)

Карпата објави фотографија на Инстаграм од здробен црвен Кадилак Ескалад со големи оштетувања на совозачката страна.
„Ангели на милосрдието ја чуваа мајка ми“, напиша Џонсон.
Каросеријата на Escalade е откината и смачкана, при што беа изложени делови од внатрешноста и воздушното перниче кое изгледа дека се активирало на страната на возачот.
“Оваа жена преживеа рак на белите дробови, тежок брак, судар со пијан возач и обид за самоубиство. Преживеала на начини кои ги прават ангелите и чудата реални”, додаде актерот, заблагодарувајќи им се на полициската управа во Лос Анџелес и пожарникарите што и помогнале на мајка му и по телефон му кажале што се случило.
„Ми остана еден родител, па ако сè уште имате мајка и татко, прегрнете ги затоа што никогаш не знаете кога ќе го добиете тој повик во три часот наутро што никогаш не сакаме да го добиеме“, рече Џонсон.