logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Популарната инфлуенсерка Маја Миа Јанеска пронајдена почината во Африка

Vecer | 04.12.2022

ТРАГЕДИЈА: Популарната инфлуенсерка Маја Миа Јанеска пронајдена почината во Африка

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, наводно била пронајдена мртва во Африка, јавуваат тамошните медиуми, а пренесуваат домашните медиуми.

Повеќе официјални информации и детали нема, освен објавите на тамошните медиуми на нејзиното момче.

Откако вечерва брзо се прошири веста за смртта на популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, се огласи нејзиното момче Оми Димпоз, пренесува MSN.com.

Медиумот објавува дека популарната шминкерка и девојка на печајот ѕвездата Оми Димпоз, Маја Миа е мртва. Убавата шминкерка беше познато дека излегува со Оми Димпоз од 2020 година.

Димпоз се огласи на своите профили социјални мрежи каде што објави неколку фотографии направени заедно со Миа и напиша „Почивај во мир љубов моја“.

Миа се забавуваше и со комичарот од Танзанија, Идрис Султан, кој исто така објави на неговите платформи на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Idris (@idrissultan)

Од нејзе се збогуваат и нејзините најблиски, преку социјалните мрежи, каде се редат низа информации и претпоставки за тоа што се случило со Маја Миа Јанеска.

Особено се карактеристични коментарите на нејзиниот јутјуб канал.

 

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации.

Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Сепак, што точно се случило, засега е мистерија.

Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Во објавите кои ги сподели и таа, наведуваше дека се радува на продлабочување на соработката меѓу нејзините две татковини, Македонија и Јужна Африка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

Сочуство до семејството и блиските во овие тешки моменти за нив.

Фото: принтскрин африкански медиуми/социјални мрежи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk