logo
logo
logo

Мадона шокира со изгледот, личи на восочна фигура

Vecer | 24.09.2021

Мадона шокира со изгледот, личи на восочна фигура

Поп кралицата Мадона драстично го промени својот изглед во последните месеци. Со оглед на тоа што ги ретушира ​​објавите на социјалните мрежи, многумина беа изненадени од тоа како изгледа Мадона во живо по сите естетски процедури.

Таа во четвртокот пристигна на премиерата на нејзиниот концертен филм „Мадам Икс“ на Менхетен во друштво на момчето Ахламалик Вилијамс. Таа се појави во црн корсет со длабоко деколте, бел елек и мини здолниште со шлицови.

Носеше блескава круна со натпис „Е * и сe“ на главата, и ѓердан со порака „Не верувај им на кучките“ околу нејзиниот врат. Комбинацијата ја надополни со афро плетенки и футуристички очила за сонце.

Додека позираше за фотографите на црвениот тепих, нејзиното момче и го лижеше лицето.

Сепак, најмногу шокира што Мадона нема ниту една брчка во седмата деценија. Благодарение на бројните процедури и затегнување на лицето, таа постигна неприродно „испеглан“ изглед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk