logo
logo
logo

Мадона повторно ги прекрши правилата на Инстаграм, фановите разочарани (ФОТО)

Vecer | 25.11.2021

Мадона повторно ги прекрши правилата на Инстаграм, фановите разочарани (ФОТО)

Сакајќи да го задржи статусот на симболот s * x во последната објава на Инстаграм, покрај фотошопирана фотографија во мрежести чорапи и долна облека, таа ги покажа градите и ги прекрши правилата на однесување на популарната социјална мрежа.

Иако градите се во преден план на повеќето фотографии, сите го забележале многу лошиот фотошоп на лицето кое како да било насилно залепено за телото. Сепак, пејачката не застанала тука, па објавила уште една фотографија на која задникот и е во рамка додека лежи под креветот.

„Наместо да објавувате ужасни фотографии, можете да имате квалитетна музика“, „Само едно прашање - зошто“, „Госпоѓо, никој не се грижи за вашите гради “, „Дали оваа жена едноставно ќе исчезне и ќе престане да ни пречи? „Срамота“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Мадона го сподели овој сет фотографии преку опцијата Instagram Story со порака:

- Убавина без цел... Дали убавината е без доблест... Но сите убави работи... Тие ја имаат оваа функција... Да ги возбудуваат гледачите... На возвишената мисла... Слава на светот... Тоа е добар учител. Мери Оливер – напишала Мадона.

Мадона отсекогаш била позната како некоја која што нема кочници на јавните настапи, а на тоа остана доследна и до денес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk