logo
logo
logo

Лимузина, шампањ, марихуана на тањир и бакнување во уста - Мадона полуда од било кога наполни 64 (ВИДЕО)

Vecer | 17.08.2022

Лимузина, шампањ, марихуана на тањир и бакнување во уста - Мадона полуда од било кога наполни 64 (ВИДЕО)

Познатата поп икона Мадона вчера наполни 64 години. Иако сè уште не престанува да шокира со својот начин на живот и однесување, таа приреди изненадување и за овој ден.

Мадона Луиза Вероника Чиконе е родена на вчерашен ден во 1958 година.

Во 1982 година, светот имаше можност за прв пат да ја слушне Мадона.

Но, никој не знаеше како таа изгледа бидејќи нејзината слика не беше ставена на синглот, за да ја привлече црнечката публика.

По „Everybody“, вториот сингл беше „Burning Up“. Беше потпишан договор со издавачката куќа „Ворнер брадерс“ и на Мадона и беше дадена дозвола да го сними целиот албум.

Продажбата на Мадона добро се зголеми и таа имаше успех на табелата за синглови на Билборд. Албумот е продаден во 8 милиони копии ширум светот, а песната „Lucky Star“ ја имаше највисоката позиција на табелата - 4-то место.

На насловната страна беше прикажана русокоса Мадона со различни синџири околу вратот и рацете. Во внатрешноста беше нејзиниот папок кој потоа стана нејзин заштитен знак.

Така почнала, останатото сите го знаеме, а денес е една од најпознатите поп икони во светот и наводно решила да потроши добра сума на пари за својот роденден.

Според извори кои ги пренесоа странските медиуми, пејачката решила да потроши илјадници долари само за летот на своите најблиски, не зажалила, што се одразува и на местото каде што решила да се опушти далеку од очите на јавноста -“ Palazzo Castelluccio“ во Сицилија, Италија.

Имено, таа веќе била со децата на ова место, по повод уште една роденденска забава. Очигледно сакала да ја продолжи прославата на гламурозен начин, па излегле некои детали од неименувани извори.

„Палатата не е ништо помалку од спектакуларна. Можам само да замислам, разнесе десетици илјади во една вечер. Но, кога вредиш 700 милиони фунти, парите не се проблем“.

Изворот изјавил и дека планирала да вечера и да наздрави под ведро небо, но она што не е сосема јасно е дали сега организирала заедничка забава со синот Рок, чиј роденден веќе бил на 11 август.

На снимката, Мадона и нејзините деца - вклучувајќи ги Рок, Дејвид Банда, Мерси, Стела и Естер - седеа на убаво украсената маса во градината додека слушаа бенд во живо. Таа објави и видео на Инстаграм, на кое покажува како започнува гламната забава, седи во лимузина и се бакнува во уста со своите пријатели. Покрај тоа, таа на Snapchat сподели и фотографија со полна чинија марихуана, држејќи цигара во устата...

Фото: FELIPE TRUEBA

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk