logo
logo
logo

Мадона го прослави роденденот на трка со коњи: Се појави со своето 29-годишно момче

Vecer | 20.08.2025

Мадона го прослави роденденот на трка со коњи: Се појави со своето 29-годишно момче

Славната пејачка на роденденското патување во Италија е во друштво на 29-годишен партнер Акем Морис и ќерките Мерси и Лурдес.

Таа сподели емотивни моменти од патувањето на Инстаграм со пораката: - Мојот сон со години беше да ја гледам коњската трка Палио во Сиена, која се одржува на мојот роденден од 1482 година. Навистина е свет ритуал да се присуствува и да се биде во тишина пред почетокот на трката со илјадници луѓе. Трката е невозможно да се опише. Соништата се остваруваат, истакна светската музичка ѕвезда.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna)

Мадона го прослави и својот роденден со посебна торта, розова Лабуба со натпис „Среќен роденден Мадуду“, што дополнително ги воодушеви фановите. Само неколку месеци претходно, таа го прослави 94-тиот роденден на нејзиниот татко Силвио Чиконе, на кого јавно му се заблагодари за неговата сила и оптимизам: - Тој преживеа многу војни и загуби во својот живот, а сè уште има чувство за хумор и силна желба да станува од кревет секое утро и да го искористи денот на најдобар можен начин, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk