Мадона е икона за поп музиката и тоа е неспорно. Нејзиното име е синоним за музика, перформанс, избор на хитови, пркосење на времето и возраста и - траењето на сцената.
Сепак, се чини, дека 65-годишната пејачка веќе подолго време ги тестира своите граници и толеранцијата на публиката за она што е прифатливо и што е целосно надвор од мода и вкус, па по тркалањето на маса во емисија, добивме задоволување на сцената.
Мускулеста жена, или подобро кажано, мускулест маж преобразен во жена за потребите на сценскиот настап, ја доведува Мадона речиси до оргазам додека заедно симулираат интимен однос на сцената. Или не симулираат, туку пред 1,6 милиони луѓе на Копакабана во Рио де Жанеиро навистина им се препуштаат на страстите и - одат кон 'целта'. Видеата и фотографиите од скандалозниот настап со молскавична брзина го обиколуваат светот и предизвикуваат бурни реакции.
Овој фрагмент од нејзиниот настап како дел од турнејата по повод 40 години на сцената стана вирален на социјалните мрежи. А кога ќе се земе предвид дека славната Мадона наплатила астрономски висока цифра од 10 милиони долари за да и се претстави на бразилската публика, многумина се согласуваат дека овој чин бил „одвратен, непотребен и несоодветен за нејзината возраст и нејзината кариера“.
„Ја сакам, но ова е лудо“, „Никој не треба да го види ова! Никој. Шокантниот пристап беше помалку интересен во 80-те и раните 90-ти. Сега се е патетично и само привлекува внимание. Многу тажно! Ми се згади. Сака да биде битна по секоја цена“, е дел од коментарите на згрозената заедница на Твитер (Х), каде што видеото стана вирално.
Што велите вие?