Според извор близок до пејачката, парот тивко се разделил кон крајот на октомври, само неколку месеци откако таа ги споделила првите заеднички фотографии како уживаат за време на прославата на четврти јули.
– Мадона со оваа „играчка“ наиде на ист проблем како и со сите нејзини неодамнешни мажи – изјави ексклузивно за DailyMail извор близок до ѕвездата.
- Разликата во години стана проблем - продолжи изворот.
- Тие доаѓаат од различни временски периоди. Кога патувањето низ светот престанало, престанала и возбудата, открил изворот.
Да потсетиме, иако нивната врска неодамна стана позната, Мадона и Акем се познаваат веќе некое време. И двајцата учествувале на снимање за списанието Paper во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност, пишува Daily Mail.
Акем е роден на 2 мај 1996 година во Јамајка и моментално живее во Њујорк. Дипломирал политички науки на Универзитетот Стони Брук, а претходно играл фудбал. Мадона неодамна раскина со 30-годишниот Џо Попер. Пред тоа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно се бакнуваше и со 41 година помладиот скејтер Андре Дарнел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата