logo
logo
logo

„Мадам Веб“ доби Златна малина за најлош филм, Дакота Џонсон е прогласена за најлоша актерка

Vecer | 01.03.2025

„Мадам Веб“ доби Златна малина за најлош филм, Дакота Џонсон е прогласена за најлоша актерка

По две „награди“ за најлош филм во 2024 година добија филмовите „Joker: Follie A Deux“ и „Unfrosted“, додека петкратниот оскаровец Френсис Форд Копола е прогласен за најлош режисер за филмот „Мегалополис“, според веб-страницата Razzies Awards.

Ѕвездите на „Џокер“ Хоакин Феникс и Лејди Гага исто така се прогласени за најлоша двојка на големото платно.

„Во овие урнатини на денешниот свет, каде уметноста се оценува како професионално борење, решив да не ги следам дрските правила поставени од индустријата која толку се плаши од ризикот што, и покрај огромното количество млади таленти со кои располага, можеби нема да создава филмови што ќе бидат релевантни за 50 години“, порача Копола на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk