logo
logo
logo

Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари

Vecer | 05.02.2025

Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари

Француската компанија за луксузни производи „Луј Витон“ е казнета со пет милиони круни (околу 440.000 евра) во Шведска, откако клиент во неколку наврати плаќал големи суми во готовина во продавница во Стокхолм, кршејќи ги одредбите од Законот за перење пари, се вели во пресудата на Управниот суд.

„Луј Витон, меѓу другото, му дозволи на клиентот да купи во готовина за 235.000 круни (околу 20.500 евра) во 13 наврати во краток временски период“, рече Карина Кутлип, шефица на единицата за корпоративен и безбедносен надзор во Административниот одбор на округот Стокхолм, пренесува СВТ.

За да се запре перењето пари и финансирањето на тероризмот, воведени се построги контроли на плаќањата во готовина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk