logo
logo
logo

Видео

Лозано има нова песна - СЕ ВИКА „ВАРДАРЕ“

Vecer | 28.04.2021

Лозано има нова песна - СЕ ВИКА „ВАРДАРЕ“

По подолга пауза поради пандемијата со корона вирусот Влатко Лозаноски - Лозано конечно реши да ја објави својата најнова песна. „Вардаре“ е насловот на новата нумера, за која сме сигурни дека ќе биде само уште еден бисер во низата хитови.

Автори на ова дело се тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат спакува моќна видео приказна.

Инаку во овој најнов проект на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе, а меѓу нив се актерите Емилија Мицевска -Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, а тука беа и нивните помлади колеги од актерската школа на Весна Петрушевска - Бејби.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=xBhwXB9a2bo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk