logo
logo
logo

Лиза Мери Присли го чувала телото на починатиот син на мраз, два месеци пред погребот

Vecer | 09.10.2024

Лиза Мери Присли го чувала телото на починатиот син на мраз, два месеци пред погребот

Тоа таа го наведува во мемоарите објавени по нејзината смрт.

Нејзината ќерка, глумицата Даниел Рајли Кијоу ја заврши книгата. Таа вели дека на мајка ѝ ѝ било важно „да има доволно време да се збогува со својот син“, исто како што тоа го правела и со Елвис.

Лиза Мери - единственото дете на Елвис и Присила Присли, телото на својот 27-годишен син го чувала дома на мраз наместо во мртовечница, откако тој извршил самоубиство во 2020 година. Американската сојузна држава Калифорнија нема закони со коишто се налага телото да се однесе во мртовечница. Пејачката почина лани во февруари.

Во мемоарите, Лиза Мери говори и за нејзината врска со Мајкл Џексон... Па, вели дека некогашниот „крал на поп-музиката“ бил девственик до 35-годишна возраст.

Присли и Џексон се зближиле во 1994 година. Во тоа време Присли сè уште била в брак со нејзиниот прв сопруг Дени Кијоу, но тие се разведоа зашто Џексон ѝ ја признал својата љубов на својата колешка-пејачка за време на патување во Лас Вегас.

„Мајкл рече: 'Не знам дали си забележала, но јас сум целосно вљубен во тебе. Сакам да се венчаме и да ми родиш деца'“, пишува Лиза Мери во книгата „Од овде до Големото непознато“ (From Here to the Great Unknown), објавена вчера, 8 октомври. - „Не коментирав ништо веднаш, но потоа му реков: 'Навистина сум поласкана, не можам ни да зборувам'. Дотогаш веќе чувствував дека сум вљубена во него“, пишува Присли.

Таа потоа спогодбено се разведе со Кијоу, и почна врска со Мајкл Џексон. Се венча во мај 1994., кога Џексон имаше 35 години, а Присли - 25. Сепак, се разведоа во август 1996 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk