logo
logo
logo

Лични предмети на Елтон Џон продадени за над седум милиони евра

Vecer | 23.02.2024

Лични предмети на Елтон Џон продадени за над седум милиони евра

Сѐ на сѐ, личните предмети на музичарот се продадени за речиси 7,4 милиони евра.

Додека колекционерите наддаваа на вчерашната аукција, клавирот на Џон достигна цена од повеќе од 200.000 долари, а очилата за сонце - можеби клучни во препознатливиот изглед на пејачот, најдоа купувач за 22.680 долари, 10 пати повеќе од првичната проценка. Повеќето од предметите доаѓаат од неговиот луксузен дом во Атланта, Џорџија, што Џон и неговиот сопруг неодамна го продадоа. Со дела и од уметниците Кит Харинг, Енди Ворхол, Роберт Меплторп и Ричард Аведон, поп-пејачот го демонстрира вкусот за современа уметност, велат познавачите.

Аукциската куќа спроведува серија од осум продажби до 28 февруари, со присуство и онлајн.

Наддавањата за личните предмети и колекции на ѕвезди од поп-културата станаа редовeн настан на врвните светски аукциски куќи. Минатиот септември, на пр., илјадници предмети на починатиот пејач на „Квин“ - Фреди Меркјури, беа продадени за 40 милиони фунти (околу 46,3 милиони евра).

Елтон Џон (77), познат по хитовите „Your Song“, „Rocket Man“ и „Sacrifice“, по раскошните костими и сценски настапи и посветеноста во борбата против ХИВ - СИДА, минатата година ја заврши својата проштална турнеја.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk