За време на инцидентот, Лепа Брена скршила коска на ногата.
Поради хирушкиот зафат Лепа Брена морала да го откаже вечерашниот концерт во загрепската Арена.
@garavusa307 09.12.2024. LB @Arena Zagreb #foryou #fyppppppppppppppppppppppp #fyp #tik #arenazagreb #koncert #lepabrena ♬ original sound - T❤️O🦁N🧸K👑A
По концертот музичката ѕвезда била хоспитализирана, а синоќа била оперирана.
Инаку, таа синоќа го одржа третиот по ред од пет концерти што ги има закажано во Арена Загреб. На третиот концерт Брена беше домаќин на големите ѕвезди Саша Матиќ и Сенида.
Брена го скрши скочниот зглоб на третиот концерт во Арена Загреб. Пејачката по концертот заврши на загрепската клиника за трауматологија, каде и беше оперирана.
Екстра ФМ, организаторот на концертот, го објави инцидентот.
„Ја известуваме почитуваната јавност дека за време на синоќешниот трет концерт на Лепа Брена во Арена Загреб се случи несреќа, поради која омилената регионална ѕвезда утрово го оперираше скочниот зглоб. Операцијата е успешно извршена и пејачката се чувствува добро . До несреќата дошло кога член на техничката екипа случајно паднал од бината во спуштен лифт и се здобил со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекала своето појавување пред публиката и на тој начин се повредила. И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно изведе концерт до крај со многу напорен, носен од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста на музиката и љубовта кон нејзините фанови, стои во соопштението Екстра ФМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата