logo
logo
logo

Лепа Брена доби отштета: Поради скршена нога на концерт и исплатија 30.000 евра

Vecer | 25.01.2025

Лепа Брена доби отштета: Поради скршена нога на концерт и исплатија 30.000 евра

Големата балканска музичка ѕвезда Лепе Брена кон средината на декември минатата година на концерт заработи скршеница на ногата, а како што пренесува „Курир“ поради таа повреда мегапопуларната пејачка успеала да ја наплати полиса за осигурување вредна 30.000 евра.

Брена е позната како жена која многу се грижи за своето здравје и поради тоа редовно со го плаќа осигурување за да се заштити од несакани настани.

Осигурителната полиса главно штити од несреќи за време поминато на работа(концерти, наспати...), како и за времето кое го поминувате на редовното патување од местото на живеење до работа.

Кога станува збор за Лепа Брена, тоа се концертите и настапите,  на кој во минатото мегапопуларната пејачка неколку пати се повредуваше.

До 10 декември лани и концертот во Загреб, Брена се здобиваше  со полесни повреди  но на крајот на 2024 се се промени.

При качување на бината на ногата на Брена падна камерман по што прегледите покажаа скршеница. Веднаш по концертото Брена итно беше оперирана во Загреб.Благодарение на осигурувањето од несреќен случај  на Лепа Брена и биле покриени сите трошоци поврзани со медицинска помош.

- Брена многу се грижи за своето здравје, живот и околности кои можат да доведат до повреди. Свесна е дека се случуваат повреди на работа и затоа со години плаќа осигурување. Ми се чини дека плаќа годишна премија од 1.000 евра и дека неодамна вратила 30.000 евра за тешка повреда што и се случила. Со тоа ги платила сите потребни трошоци за операција, лекови и рехабилитација - вели извор за српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk