logo
logo
logo

Лејди Гага вечерва настапува пред милион и 600 илјади луѓе на плажата Копакабана во Рио

Vecer | 03.05.2025

Лејди Гага вечерва настапува пред милион и 600 илјади луѓе на плажата Копакабана во Рио

Рио де Жанеиро организира бесплатни настани со светски ѕвезди како начин да ги наполни хотелите, баровите и рестораните кои се борат со економската криза во последните години, објави Ројтерс.

Настапот на Мадона на истото место, плажата Копакабана пред една година, исто така, привлече 1,6 милиони луѓе од целиот Бразил и беше најголемиот настап во живо во нејзината децениска кариера.

Официјалните лица велат дека настапот на Лејди Гага, закажан за 21:45 часот по локално време, би можело да привлече уште повеќе луѓе.

39-годишната пејачка, позната по хитовите како „Bad Romance“ и „Poker Face“, последен пат настапи во Бразил во 2012 година, откако го откажа настапот на фестивалот „Рок ин Рио“ во 2017 година поради здравствени проблеми.

Градот проценува дека посетата на Гага, која во голема мера е финансирана од приватни спонзори, би можела да внесе над 600 милиони реали (околу 88,5 милиони евра) во економијата на Рио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk