logo
logo
logo

Лејди Гага ја ИСКОПИРАЛА ЛЕПА ЛУКИЌ!

Vecer | 21.08.2024

Лејди Гага ја ИСКОПИРАЛА ЛЕПА ЛУКИЌ!

Поп ѕвездата Лејди Гага го објави видеото за новата песна со Бруно Марс наречена „Умри со насмевка“. Оваа песна привлече големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи во Србија, поради изгледот на Гага.

Причината е стајлингот на Лејди Гага, кој многу потсетува на оние кои своевремено ги носела познатата фолкерка Лепа Лукиќ.

Сличната фризура и синиот фустан на Лејди Гага беа доволни за луѓето на социјалните мрежи да почнат да пишуваат како една од најпопуларните пејачки во светот ја ископирала легендата на народната музика.

Но, има и такви кои тврдат дека потсетува и на Силвана Арменулиќ.

Нова балада

Песната „Умри со насмевка“ брзо собори рекорди на слушање и за 24 часа стана најслушана песна во тој период во целата кариера за Бруно, а втора по ред за Лејди Гага.

– Додека го чекате мојот нов албум, доаѓа дуетот со Бруно Марс – објави Гага на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk