logo
logo
logo

Легендарниот Жерар Депардје во понеделник ќе се појави на суд – две жени го тужат за силување

Vecer | 22.03.2025

Легендарниот Жерар Депардје во понеделник ќе се појави на суд – две жени го тужат за силување

Седумдесет и шестгодишниот Депардје, кој глумеше во повеќе од 200 филмови и телевизиски серии, е обвинет за непримерно однесување од дваесетина жени, но ова е прв случај за кој му се суди. Тој е најистакнатата личност што се соочила со обвинувања како дел од одговорот на француската кинематографија на движењето #MeToo.

Вознемирување на филмски сет

Случајот пред Кривичниот суд во Париз се однесува на наводите за сексуално вознемирување и силување за време на снимањето на филмот Les Volets Verts (Зелени капаци) од 2021 година на режисерот Жан Бекер. Аноук Гринберг, добро позната актерка која исто така се појавува во филмот, ги поддржа двете тужителки, 54-годишната сценска мајсторка и 34-годишната помошник режисер, кои тврдат дека Депардје сексуално ги вознемирувал.

Гринберг рече дека Депардје постојано дава „вулгарни коментари“. „Кога филмските продуценти го ангажираат Депардје за филм, знаат дека ангажираат насилник“, изјави таа за АФП.

Судењето, кое првично требаше да започне во октомври, беше одложено поради лошата здравствена состојба на актерот. Адвокатот на Депардје, Џереми Асус, тогаш изјави дека актерот имал бајпас на срцето и дека боледува од дијабетес, кој бил влошен од стресот поради претстојното судење.

„Тој целосно ги негира сите обвинувања.“

Оттогаш Депардје бил испитан од судски вештак и утврдил дека е способен да му се суди. Според адвокатот, настапите на Депардје во судот се ограничени на шест часа дневно и тој ќе паузира секогаш кога ќе има „потреба“. Асус рече дека актерот „целосно ги негира сите наводи“.

Инаку, на 9-ти јануари оваа година, една жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот Le Magicien et les Siamois. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува познатиот актер дека ја допирал по интимните делови, давајќи вулгарни забелешки.

Уште 13 жени се огласија со обвинувања

Пред тоа, Депардје беше обвинет за слично однесување од 13 други жени. Наводите биле изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборувале анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови помеѓу 2004 и 2022 година. Случајот претходно беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а кривичната пријава е поднесена во декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk