logo
logo
logo

Легендарниот г. „Ѕверка“ од култната серија е непрепознатлив на улица!

Vecer | 04.03.2025

Легендарниот г. „Ѕверка“ од култната серија е непрепознатлив на улица!

Актерот Крис Нот некогаш беше еден од главните холивудски заводници, но во еден момент дури 4 жени го обвинија за злоставување и вознемирување.

Некогашниот омилен холивудски заводник, актерот Крис Нот (70), познат по улогата на „Ѕверката“ во култната серија „Сексот и градот“, сега е непрепознатлив и ретко се појавува во јавноста. Неговиот живот и кариера доживеаја драстичен пресврт во 2021 година, по серијата обвинувања за сексуално злоставување изнесени тогаш од четири жени.

Тој ги негираше обвиненијата, но призна дека ја изневерувал сопругата. Продуцентите на сериите „И едноставно така“ и „Праведник“ го исфрлија од проектите веднаш по обвинувањата, а кариерата му беше ставена на „чекање“.

Иако против Крис никогаш не беа покренати обвиненија, а истрагите не доведоа до судски епилог, скандалот имаше сериозни последици. Холивуд му го сврте грбот, ги загуби сите деловни ангажмани, а и колешките од серијата на чело со Сара Џесика Паркер јавно ги поддржаа наводните жртви.

-Длабоко сме трогнати од обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме сите жени кои ги споделија своите болни искуства. Знаеме колку е тешко и им се восхитуваме поради тоа - се вели во соопштението на Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

Крис оттогаш се повлече од јавниот живот и се посвети на работата во театарот. Папараците ретко успеваа да го уловат, но на снимките што се појавија, јасно се гледа дека тој е далеку од гламурозниот имиџ што некогаш го имаше. Неуреден, во лежерна облека, со седа коса и запуштена брада, се чини дека ја оставил старата слава зад себе.

- Крис ја загуби секоја работа што ја доби, но никогаш не беше обвинет и никогаш против него не е поднесена кривична пријава. Ако една од жените отишла во полиција, властите ќе имаа обврска да истражат без разлика дали делото е застарено. Но, немаше ништо. Општо земено, отсуството на полициски извештај или граѓанска тужба не е доказ дека наводите се лажни. Има многу причини зошто обвинителите не покренуваат обвиненија и не сакаат да поднесат полициски извештај - изјави извор за Page Six.

И неговиот приватен живот исто така беше на раб на колапс. Неговата сопруга Тара Вилсон (45) го остави во екот на скандалот, но подоцна успеаја да го подобрат врската и да го продолжат заедничкиот живот со синовите Орион (16) и Китс (5). Неодамна, актерот споделил фотографија со семејството на социјалните мрежи, а присутните коментираа колку неговиот изглед е променет во споредба со оној кога беше на врвот од својата слава.

Иако некои од обожавателите на Крис излегоа во негова одбрана, обвинувањата продолжуваат да фрлаат сенка врз неговата кариера, и се поставува прашањето дали тој некогаш целосно би се вратил на сцената или засекогаш ќе остане фигура од минатото, обележана со контроверзии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk