logo
logo
logo

Пронајден мртов, екс телохранителот на Бекамови, Шварценегер, Џони Деп...

Vecer | 08.04.2025

Пронајден мртов, екс телохранителот на Бекамови, Шварценегер, Џони Деп...

Како што пренесува Метро, ​​Крег Ајнсворт, кој бил телохранител на многу други познати личности, бил пронајден мртов откако бил пријавен за исчезнат.

Работел за семејството Бекам од 2013 до 2015 година, а бил телохранител и на холивудските ѕвезди Џони Деп, Џенифер Лоренс и Арнолд Шварценегер.

Крег, за кој се верува дека имал околу 40-ти, работел за Дејвид и Викторија Бекам од 2013 до 2015 година додека живееле во лондонскиот Холанд Парк.

Тој зборуваше за парот откако документарецот за нив беше објавен на Нетфликс.

"Дејвид беше шармантен. Викторија се држеше до себе, ќе биде со децата или ќе работи. Нивните деца се многу добро воспитани, со оглед на тоа колку јавноста ги следи. За да бидат толку познати и да одржуваат семејство, па мора да прават нешто добро", рекол тогаш тој.

Неговата мајка ја објави трагичната вест на социјалните мрежи, откако беше споделена информација за неговото исчезнување. Како што изјавила, тој страдал од посттрауматско стресно растројство (ПТСН), пренесуваат медиумите.

„Со најголема тага светот го загуби Крег. Тој служеше во Авганистан и страдаше од ПТСН“, напиша таа, објавувајќи негова фотографија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk