Фонда отсекогаш верувала во водењето одржлив и здрав начин на живот и следи пет навики од кои не се откажува.
„Таквите диети даваат нереални резултати“, вели за модерните диети, истакнувајќи дека луѓето не треба да губат повеќе од половина килограм неделно.
Во интервју за BeFit во 2012 година, таа рече да не мислите на диета, туку на здравје.
Фонда смета дека појадокот е клучен и најважен оброк во денот. Секогаш подготвувајте хранлив појадок, советува таа.
„Луѓето кои не го избегнуваат појадокот се склони кон слабеење“, вели актерката.
И навистина, истражувањата покажуваат дека прескокнувањето на појадокот може да го забави метаболизмот, да предизвика глад и потенцијално да доведе до зголемување на телесната тежина.
Друга навика на Фонда е дека не смееш ништо да си забрануваш.
„Не можете да издржите долгорочно. Јадете чоколадо, не цело. И утре пешачете повеќе“, советува таа.
Фонда се фокусира на здрава исхрана и во текот на денот. Секој ден јаде многу овошје и зеленчук. Речиси не јаде месо, а го намалила и внесот на риба.
Според списанието Hello!, Фонда го одржува здравјето со грицки како овошје или урда со малку маснотии.
„Црвеното грозје одлично оди со сирење“, заклучила таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата