logo
logo
logo

Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

Vecer | 16.01.2026

Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

 Имено, извор за списанието „Пипл“ (People) изјави дека легендарното здание во Лос Анџелес, користено за снимањето на американската хумористична ТВ-серија, ќе биде ставено на продажба првпат по 1978 година.

Иако приказната се одвива во населбата Бел-Ер, куќата всушност се наоѓа во Брентвуд. Имотот е изграден во 1937 година. Има пет спални соби и пет бањи и се простира на повеќе од 5.500 квадратни метри. Фасадата со четири колони е неизбришливо поврзана со воведот и одјавата на серијата од 90-тите. Последен пат е продадена пред 48 години за 732.000 долари. Цената по којашто ќе се продава овојпат, сѐ уште не се знае.

Инаку, сцените што ја прикажуваат внатрешноста на домот се снимени во студио, додека надворешноста на куќата стана една од најпрепознатливите во историјата на телевизијата.

Култната вила беше достапна и за изнајмување преку „Ер-БНБ“ во 2020 година, по повод 30-годишнината од серијата. Потоа, Вил Смит организираше виртуелен одмор за жителите на Округот Лос Анџелес во октомври. Гостите можеа да пробаат Џордан патики, да играат кошарка во спалната соба, да се релаксираат покрај базенот и да слушаат музика на грамофони.

Таа година, Смит повторно ги собра членовите на екипата: Карин Парсонс (во серијата Хилари Бенкс), Татјана М. Али (Ешли), Дафне Максвел Рид (Вивиен) и Џозеф Марчело (Џефри Бенкс). 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk