logo
logo
logo

Евровизија 2025: ново правило за објавување на финалистите

Vecer | 13.05.2025

Евровизија 2025: ново правило за објавување на финалистите

Евровизија 2025 воведува нов и, како што тврдат, поинтензивен метод за објавување на финалистите.

Во првата полуфинална вечер, финалистите повеќе нема да бидат објавени со едноставно читање на имињата на земјите, туку на екранот ќе бидат прикажани три земји истовремено, а водителите потоа ќе објават која од нив ќе продолжи понатаму.

Обидот за воведување на оваа промена беше присутен и во 2023 година.

Преостанатите две земји нема да бидат елиминирани во тој момент, но нивниот статус ќе биде откриен подоцна.

Конечно, кога ќе биде објавен последниот, десетти финалист, на екранот ќе бидат прикажани шесте преостанати земји.

Пример за новиот начин на објавување: Шведска, Србија и Португалија се појавуваат на екранот, а по неколку моменти водителите објавуваат дека Шведска се пласира во финалето. Статусот на Србија и Португалија останува непознат до понатамошно известување.

Во последниве години, организаторите пробаа различни модели за да го направат објавувањето на финалистите поинтересно.

Тие се обидоа да ја воведат најголемата промена во 2023 година, кога за време на генералната проба ги доведоа сите натпреварувачи на сцената и, по примерот на X Factor, ги објавија финалистите. По негативните реакции од евровизиските медиуми, британската телевизија Би-Би-Си и Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја напуштија концепцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk