logo
logo
logo

Кристијан Бејл повторно би го глумел Бетмен, но под еден услов

Vecer | 28.06.2022

Кристијан Бејл повторно би го глумел Бетмен, но под еден услов

Во неодамнешното интервју за Screen Rant, оскаровецот изјави дека нема да има проблем да се врати во костимот на Бетмен, но под еден услов - да се врати и режисерот Кристофер Нолан.

„Не. Никој не ми го спомна. Овде и таму луѓето можат да ми кажат дека слушнале дека некој ми понудил улога, но никој никогаш не ми ја понудил. Имав договор со Крис Нолан. Ако имаме среќа да направиме три филмови, ќе го направиме тоа и само ќе заминеме. Но, ако Нолан некогаш почувствува потреба да раскаже друга приказна и сака да ја раскаже таа приказна со мене, јас би учествувал“, рече Бејл.

Да потсетиме, Бејл првпат го глумеше Бетмен во 2005 година во Batman Begins на Нолан, а тие снимија уште две продолженија, The Dark Knight и The Dark Knight Rises, а со заработка поголема од 1 милијарда долари започна новата ера на филмовите за суперхерои.

Но, шансите Нолан да се врати во Бетмен се исклучително мали, дотолку повеќе што Ворнер започнал нова фаза на Бетмен со Роберт Патинсон во главната улога. Од друга страна, секогаш постои можност бидејќи мултиверзумот е нов хит, па Мајкл Китон се враќа во улогата на Бетмен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk