logo
logo
logo

Крис Еванс за враќањето во познатата улога по 17 години: Ми се оствари сонот

Vecer | 01.08.2024

Крис Еванс за враќањето во познатата улога по 17 години: Ми се оствари сонот

Еванс го играше и Џони Сторм во Fantastic Four, а фановите неодамна имаа шанса да го видат во Deadpool & Wolverine по 17 години.

Џони Сторм беше само едно од неколкуте изненадувања во филмот, а актерот се огласи на социјалните мрежи за да се заблагодари за можноста повторно да го игра овој лик. Во објава на својата приказна на Инстаграм, Еванс им се заблагодари на Рајан Рејнолдс, Хју Џекмен и режисерот Шон Леви, со кои сподели фотографија од сетот.

„Благодарам на Рајан Рејнолдс, Хју Џекман и Шон Леви што ми дозволија да бидам дел од еден таков неверојатен филм! Тие се едни од најдобрите луѓе што некогаш ќе ги запознаете. Посебна благодарност до Рајан кој го направи сето ова да се случи. Повторното играње на Џони беше остварување на сонот и тој секогаш ќе има посебно место во моето срце“, напиша актерот во објавата на Инстаграм.

Крис Еванс го играше Џони Сторм во два филма на „Фантастична четворка“. Првата премиера беше прикажана во кината во 2005 година, а продолжението Fantastic Four: Rise of the Silver Surfer беше објавено во 2007 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk