Парот организирал мала и интимна церемонија во нивниот заеднички дом во близина на Бостон. Сите гости пред церемонијата требало да потпишат договор во кој се договориле да не ги откриваат деталите од венчавката во јавноста. Покрај тоа, на церемонијата биле забранети мобилни телефони.
На свадбата дошле најблиските пријатели и семејството на Крис и Алба. На листата на гости се најдоа и Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Џереми Ренер, како и колегите на Еванс од филмовите на Марвел.
За потсетување, Крис и Алба се во врска две години.
Алба е португалска актерка која кариерата ја започна со серијата Jardins Proibidos. Потоа глумеше во неколку португалски серии и филмови како што се A Impostora, Filha da Lei, A Criação и Jogo Duplo. Крис беше прогласен за најсекси маж во 2022 година од страна на магазинот People.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата