Џамбо Агушев го нарекуваат крал на ромската музика, а тоа е и со доказ - неодамна доби такво признание. И на ова поле, со музиката, тој си нема мака - си свири си растура. Е ама кога се социјалните мрежи во прашање тука баш има проблеми, и тоа со хакери.
- Ми стигна некој линк на Инстаграм поврзан со авторски права. Нешто наводно сум земал, а јас сум сигурен дека такво нешто се случило, па добив опција да пополнам формулар со кој ќе го докажам спротивното. Тргнав да го направам тоа и штом го вратив назад пополнетиот формулар се случи хаос, останав без својот профил, вели Џамбо.
А што уште му се случило и од кого јадел шлаканици кога бил мал погледнете во видеото во продолжение:
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=iD9up95Zw_0[/embed]
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата