Костумот на Дејвид Боуви оди на аукција и ќе чини колку еден стан

Вселенскиот костум што го носеше Дејвид Боуви во спотот за „Ashes To Ashes“ оди на аукција. Според Дејли мејл, цената би требало да ја надмине бројката од 93.000 евра. На аукцијата е вклучена и гитара Gibson Les Paul Florentine што ја користел Ноел Галагер, а се проценува дека ќе биде продадена за 586.000 евра.