logo
logo
logo

Концертот на У2 во Лас Вегас, надреално искуство (ВИДЕО)

Vecer | 30.09.2023

Концертот на У2 во Лас Вегас, надреално искуство (ВИДЕО)

Станува збор за проектот U2:UV Achtung Baby Live at Sphere, во чии рамки U2 ќе настапуваат три месеци во уникатната сала Sphere, чијашто надворешност и внатрешност се составени од екрани.

Футуристичката конструкција на салата е обликувана како планета, а впечатокот го засилува ласерското шоу кое се случува за време на концертот. Видеата од концертот кој американските медиуми денеска го нарекуваат „вонтелесно искуство“ ги преплавија социјалните мрежи.

Бројните визуелни атракции изгледаа надреално, а во еден момент на екраните се појави и ликот на Елвис Присли.

U2 немале настап четири години, па интересот за концерти во Лас Вегас е исклучително голем. Многу познати имиња како Сер Пол Макартни, Др. Дре, Снуп Дог, Џон Хам и Брајан Кранстон гостуваат на концертите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk