logo
logo
logo

Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ поместен за 15 мај

Vecer | 27.03.2025

Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ поместен за 15 мај

Организаторите на концертот на српската музичка ѕвезда Пеѓа Јовановиќ кој требаше да се одржи на 5-ти април годинава во СЦ Јане Сандански – Скопје, заради страшната трагедија во Кочани е одложен, односно неговиот датум на одржување е поместен.

По тој повод организаторот се огласи со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

„Драги пријатели, сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму… Заедно со Пеѓа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток, 15 мај. Се’ друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум. Се надеваме на разбирање и однапред Ви благодариме на истото“, велат организаторите EVENT GROUP.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk