logo
logo
logo

Конечно е познат насловот и датумот на премиерата на филмот за Формула 1 со Бред Пит

Vecer | 05.07.2024

Конечно е познат насловот и датумот на премиерата на филмот за Формула 1 со Бред Пит

Во пресрет на Британското ГП во Силверстон, на официјалната веб-страница на Формула 1 е објавен насловот на претстојниот филм на Бред. Филмот се вика Ф1, а во кината би требало да пристигне во текот на летото 2025 година.

Бред всушност се вратил во Нортхемптоншир за да сними повеќе материјал за филмот и бил снимен во костум за возачи на Формула 1. Поради штрајковите низ Холивуд во 2023 година, производството на филмот беше запрено, што го објаснува долгиот процес.

Филмот е за возачот Сони Хејс (Бред Пит), кој морал да се пензионира по тешка несреќа. Неколку децении откако се пензионираше, тој излегува од пензија и со млад возач се натпреварува против најсилните во тимот. Сè уште нема трејлер за претстојниот филм, но сепак ќе биде премиерно прикажан тизер на Британското Гран При.

Филмските права ги купи Apple. Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на Топ Ган: Маверик, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон. Последните информации велат дека буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е меѓу десетте најскапи филмови во историјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk